еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ и СДСМ денеска ќе разговараат за случувањата со парламентарното мнозинство

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби и висок функционер од ДУИ, денеска изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со Европската унија.

„Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел од Собранието за да се приклучат на парламентарно мнозинство или да го поддржат и мислам дека сите тие што сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ ќе се приклучат кон ова парламентарното мнозинство.

Јас сум уверен дека Зоран Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ, ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, одговори на новинарско прашање Груби.

Тој информира дека вчера разговарал со премиерот Заев за средбата што ја имал со Алтернатива, и оти денеска ќе имаат нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство.

Нагласи и дека во разговорот не станало збор за кадровски прашања поврзани со евентуалниот влез на Алтернатива во Владата.

-Не верувам и не очекувам драматични случувања во земјава и убеден сум дека и Гаши, но и другите албански политички партии, вклучително и Касами и Села, се свесни за значањето на овој момент и случувањата што се превземаат во Брисел во насока на отворањето на преговорите, и нема да направат ниеден чекор за да ја загрозат европската иднината на земјата, посочи меѓу другото Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Николовски не се гледа себе си како кандидат за премиерската функција

Најдобро е Заев да остане на чело и на партијата и на Владата во овој период, смета Спасовски

Милевски за изборот на нов претседател на СДСМ: Се надевам овој пат ќе имаат повеќе од еден кандидат за лидер

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влез од високо ризичните земји само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид

Редакција

СДСМ му дава поддршка на Мицкоски за итна смена на Гаши

Редакција

Која e Рашела Мизрахи, која е предложена од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за труд и социјална политика

Редакција