еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дури 60 отсто од 98 институции го прекршиле законот за слободен пристап до информации

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

„Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во „просечна“ активна транспарентност.

Активната транспарентност во 2020 година е подобрена само за минимални 2,2 процентни поени во однос на лани, кога изнесуваше 56 %“, соопштија од Центарот.

Оттаму додаваат дека кај министерствата, по три години континуиран пораст, во 2020 година се забележува стагнација и дури и мало намалување на активната транспарентност. Таа годинава изнесува 77,1 %, за разлика од ланските 77,6 %.

„Сепак, активната транспарентност на министерствата сè уште е значително подобра од онаа на општините, која изнесува 54,5 % и по неколкугодишното намалување бележи пораст втора година по ред.

За првпат во последните пет години откако се изработува овој индекс, едно министерство се наоѓа на врвот на табелата. Годинава на прво место со најголема активна транспарентност е Министерството за одбрана (97,9 %), следено дури од осум општини, меѓу кои прва е Велес (94,4 %)“, соопшти Центарот.

„Во однос на регионите, нема промена од лани. На прво место е Источниот Регион (68,3 %), додека на последно останува Скопскиот Регион (44,4 %).

И натаму најмалку информации и министерствата и општините објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 42 %, а општините само 36% од информациите што треба да ги објавуваат.

На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со исто прашање, општините одговорија во просек за 24 дена (лани за 21 ден), а министерствата за 26 дена (лани за 34 дена), иако максималниот законски рок е 20 дена.

Во овој рок одговорија само 40 % од институциите, додека останатите 60 % го прекршија законот“, соопшти Центарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар тројца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 38 лица

Редакција

Во Македонија по трет пат со Ковид-19 заболеле две лица, едното имало бубрежна болест

Редакција

Се воведува забрана за извоз на семе од сончоглед

Редакција