Три четвртини од корисниците на интернет не ја знаат брзината што треба да ја добијат од операторот, покажува најновото истражување на Агенцијата за електронски комуникации.
Голем дел од корисниците на интернет (66%) не знаат и дека постои можност да се измери точната брзина што ја испорачува интернет провајдерот.
Повеќе од една третина (38%) од испитаниците што се свесни за оваа опција, ја проверуваат брзината на нивната интернет конекција.
Околу 34% од испитаниците кои имаат пристап до интернет, го контактирале провајдерот поради прекин или недостапност на услугата. Кај 86% од нив проблемот е решен истиот или следниот ден.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.