еМагазин
Свет

Дувнете за да откриете Kовид-19: Се тестира апарат во Лион

Болница во францускиот град Лион тестира нов апарат кој е во состојба, со анализирање на здивот на пациентот, за само неколку секунди да открие дали има коронавирус.

Во тек е втората фаза на тестирање на овој апарат, и, за разлика од стандардниот ПЦР тест, овој метод на тестирање не е инвазивен и веднаш го покажува резултатот.

Објаснувајќи дека апаратот работи на принцип сличен на оној на којшто се заснова класичниот тест за алкохол, првиот човек на истражувачкиот тим рече дека уредот открива молекули во здивот на субјектот на тестот кои укажуваат на присуство на коронавирусот во организмот.

Потребно е само лицето кое се тестира да дивне во цевката на апаратот, информира лондонски „Гардијан“, наведувајќи дека целта на француските истражувачи е уредот да стане целосно функционален до крајот на годината.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Свештеник организирал оргија во својот дом, полски бискуп поднесе оставка

Редакција

Независноста на Доњецк и Луганск е по примерот на косовскиот преседан, му кажал Путин на Гутереш

Редакција

Лидерите на НАТО ги поканија Финска и Шведска да се приклучат на Алијансата

Редакција