Министерството за здравство информира дека од направени 745 тестови, регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес по три, Гевгелија, Неготино и Берово по два, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово по еден.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица во домашни услови од Скопје (56) и Кавадарци (84), починати во период од 21 септември до 2 октомври.
Вкупната бројка на дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539, а бројот на активни случаи изнесува 446.
Фото: МЗ