еМагазин
Image default
Локално

Двајца скопски дилери уапсени на патот Охрид-Свети Наум

На 13.08.2019 во 19,40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, информира МВР.

При извршениот претрес во патничките моторни возила марка „Опел вектра’’ и „Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец „удрил“ на трошење откако украл паричник од тетовчанец во хотел во Велес

Редакција

Трагедија во струмичко: Починала откако врз неа паднало дрво што го сечел сопругот

Редакција

Грк починал во казино во Гевгелија

Редакција