еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајцата македонски државјани кои беа во камп во Мароко пристигнаа во Мадрид

Двајцата македонски државјани, кои се наоѓаа во камп во Маракеш, Мароко, се пристигнати во Мадрид и се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи (МНР).

Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време.

Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Македонија во Каиро, информираат од МНР, во изминатите два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш.

– Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони, информираат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимка од дрон го покажува ужасот од земјотресот во Мароко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски направија свадба една година откако стапија во брак

Редакција

Пет починале дома во периодот април-мај: Од Ковид-19 починаа 16 лица

Редакција

Проф.Трајковски: Суперимунитет од прележување и вакцинирање најверојатно е клучот за сопирање на епидемијата, бидејќи се заразуваат и вакцинирани и прележани

Редакција