Две деца синоќа околу 22 часот се најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче.
Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.
– На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“, информираат од МВР.
По презмени мерки од полициските службеници ги пронашле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата.
За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче
Децата кои беа заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче биле запуштени