еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Две млади лица од Охрид загинаа во собраќајка кај Ресен

Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста наречена Макази.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво“.

Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот, велат од Министерство за здравство

Редакција

Нови 357 случаи на Ковид-19 од 3.121 тестирања

Редакција

(Видео) Индија го лансираше своето прво вселенско летало за проучување на Сонцето

Редакција