еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Две национални награди за проектите на ЕВН за Електромобилност и Знаковен јазик

Проектот на ЕВН Македонија „Електромобилност со ЕВН“ ја освои првата награда во категоријата однос кон животната средина на доделувањата на наградите за Најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2019 година.

„Електромобилноста е светски тренд кој носи многубројни предности за корисниците на електричните возила, општеството и животната средина, а ЕВН се приклучи кон овој тренд така што разви целосна инфраструктура за полнење на електрични возила низ државата“, велат од компанијата.

Во рамките на овој проект, во 17 градови на фреквентни и јавно достапни површини се инсталирани 40 станици за полнење, со цел да се овозможи патување на поголеми дистанци со електрични возила.

„Со ова значително се поттикна користењето на овие возила, кои се еколошки, поекономични и поефикасни од обичните со што директно се придонесува за намалување на аерозагадувањето и бучавата во градовите. Користењето на станиците за полнење во промотивниот период е бесплатно, со картичка која може да се обезбеди за секој корисник преку пријавување на веб страната www.evn.mk, на [email protected] како и во Инфо центарот на ЕВН“, велат од компанијата.

Проектот „Гласни раце во ЕВН“ доби признание во категоријата односи на пазарот.

„Стратегиска определба на ЕВН е да создава услуги достапни за сите. Затоа воведувањето на сигнален, односно знаковен јазик при комуникација со корисниците со оштетен слух ќе придонесе за големо унапредување на квалитетот на услугата за овие граѓани.

ЕВН за­ед­но со „На­ци­о­нал­ни­от со­јуз на глу­ви и наг­лу­ви ли­ца“ и „Асо­ци­ја­ци­ја­та на тол­ку­ва­чи на зна­ко­вен ја­зик“ ја изра­бо­ти­ја и ја спроведоа првата еду­ка­тив­на про­гра­ма за знаковен јазик за ус­луж­нен пер­со­нал на теми од енергетиката. Лицата со општетен слух веќе можат да комуницираат со вработените во Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ во Скопје, а во фаза на подготовка е второто ниво на едукација на вработените“, велат од компанијата.

Минатата година ЕВН Македонија ја доби првата награда во категоријата односи со вработени со проектот „ЕВН Волонтира“, програма за поттикнување на волонтерството кај вработените и создавање на подобра животна средина и поубави заедници со ангажирање на личен труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер

Редакција

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, „Витаминка“ се претставува осма година по ред

Редакција

(Фото) и Мак Аутостар се вклучи обележување на Денот на планетата, со симболично исклучување на светилките

Редакција