еМагазин
Image default
Македонија

Две пратенички побарале пари за кирија, другите сакаат дневници и да патуваат до Скопје

Макфакс објави дека само две пратенички досега побарале да им бидат исплатени парични средства за кирија во Скопје, додека останатите пратеници бараат дневници за да патуваат до главниот град.

Пратеничката од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, и пратеничката од Штип, од истата партија, Благица Ласовска, побарале да им биде исплатен надоместок од Собранието во висина од 400 евра за да изнајмат стан во Скопје.

Наемнината на стан е ново право што ќе можат да го користат пратениците, предвидено со измените на законот. Надоместок за закупнина на стан се предвидува за оние пратеници чие место на живеење е надвор од територијата на Град Скопје и доколку не користат надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели или надоместок за одвоен живот со семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина се заблагодари за тенковите: Никогаш нема да го заборавиме ова

Редакција

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција

За осум дена 111 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

Редакција