Од вчера навечер во Белград, Србија на лекување замина Михаил Ристовски двегодишно дете од Тетово, чие семејство во декември од јавноста побара и доби донации со цел да се соберат средства потребни за болнички третмани.
Родителите Мирослав и Благородна на почетокот на декември за само една недела ги собраа потребниот износ на средства потребни за лекување по апелот даден преку медиумите.
– Освен за третмани со акупунктура во болницата, парите ќе се искористат и за други лекување во базен, физикална терапија во друга клиника или болница. Исто така парите ќе бидат искористени и за трошоци за пат, престој и се пропратно, изјави мајката на Михаил, Благородна.
Еден третман од лекувањето во болницата „Виталис“ во Белград, Србија треба да трае 10 дена, а потребни се повеќе сесии. Помеѓу две сесии треба да има еден месец пауза. Мирослав и Благородна освен Михаил имаат уште две ќерки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Собрани парите за лекување на малиот Михаил од Тетово
Потребни се 15 илјади евра за лекување на дете со неполни две години
МИА