еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе ја надградиме бугарската позиција со дополнителни работни групи со Македонија, повтори Петков

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за неделната емисија „Панорама“ на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Република Северна Македонија, Петков нагласува дека мошне јасно го изнел она што се следните чекори со соседната земја.

Појаснува дека Бугарија ќе ја надгради својата позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Северна Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.

Новиот бугарски премиер изјави дека Владата си задала рок од шест месеци и затоа тој рок го изнел јасно и категорично.

МИА/Фото: Петков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционерите и вработените ќе добијат дел од 21-милионската добивка на Макпетрол

Редакција

Град Скопје не доби лиценца, БЕГ ќе не грее и оваа сезона

Редакција

(Фото) Изложба „Истребување на Македонците“ отворена во замокот Линхартови на чешко-полската граница

Редакција