Европскиот парламент изгласа целосна забрана на пластиката за еднократна употреба во земјите од Европска Унија. Главна цел е да се намали загадувањето во океаните. Со оваа одлука ќе се забранат предмети направени од пластика, како прибор за јадење, чаши, памучни стапчиња, сламки и дршки за балони.
ЕК ја предложи оваа мерка во мај и по процедурите се очекува да биде усвоена и да стапи на сила низ Европска Унија до 2021 година.
Одлуката би требало да се прошири и на филтрите во цигари. Производителите ќе мора да ја намалат пластиката во нив за 50% до 2025, односно за 80% до 2030 година. Друг амбициозен проект предвидува 90% од пластичните шишиња да се рециклираат до 2025 година.
Сега се наметнува прашањето дали македонската Влада ќе го следи примерот на ЕУ со оглед на тоа што активно работи на зачленување на Македонија во ЕУ.
Во нашата земја проблемот со отпадот, а посебно со пластиката веќе одамна претставува една од главните причини за загадување на почвата.
Истовремено, ако се земе предвид дека власта постојано декларира дека се бори за намалување на загадувањето и заштита на животната средина тогаш тоа би требало да го докаже на дело и да го следи примерот на ЕУ односно да забрани еднократна употреба на пластика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест од ЕУ: Целосна забрана на пластика за едонкратна употреба