еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе го “сруши“ ли овојпат Кастриот Реџепи мнозинството во Собрание?

Поранешниот пратеник на Беса, а сега независен, Кастриот Реџепи повторно е во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи беше објавена негова фотографија со функционерите на владејачката ДУИ, Изет Меџети и Блерим Беџети, дел од т.н. “огнена група“, кои јавно изразија незадоволство од друг функционер на партијата, Артан Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пратеникот Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ

Од „огнените„ потврдија дека тој им се придржува, а Реџепи пак најави дека детали ќе соопшти во четврток.

Истовремено во медиумите се појави и шпекулација дека Беса или некоја друга опозициска партија во македонското Собрание деновиве ќе поднесе интерпелација за Груби, која наводно би била подржана од пратениците на „огнената група“, Меџети и Мерита Колчи Коџаџику, плус Реџепи, но и други пратеници од ДУИ и други владејачки партии, што може да го разниши кревкото мнозинство од 64 пратеници, но и да го „сруши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реџепи: Мирен, со чиста совест самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на Владата

Реџепи на јавноста и е познат како клучен пратеник за спас на актуелната влада на ДУИ и СДСМ, кога пред неколку месеци го повлече својот потпис (тогаш како пратеник на Беса) и не се појави на седницата во македонското Собрание за изгласување на недоверба на Владата.

Потоа беше исклучен од Беса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Реџепи, поради кој опозицијата не обезбеди кворум за одржување на седница за доверба на Владата

Фото: Реџепи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максим Димитриевски трет кандидат кој собра 10.000 потписи за претседателска кандидатура

Редакција

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Редакција

Обвинителство се уште не го добилo извештајот од Судска медицина за Вања Ѓорчевска

Редакција