еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Ковачевски и Мицковски сепак ќе има

Во Владата денеска попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата.

Средбата, како што информираат од Владата за МИА, ќе се одржи во 16 часот.

Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави синоќа Кадиевска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод Охрид склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден над 1 милион евра

Редакција

Нимиц: Ова е голем напредок, ги охрабрувам лидерите конструктивно да го финализираат Договорот

Редакција

По таа за Димитров, Мицкоски најави интерпелација и за министерот Спасовски

Редакција