еМагазин
Image default
Македонија

Ќе остане ли пратеникот Груевски без мандат: Почнува расправата во Собрание

Утврдување на Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието, доставено на 15 мај.

Според член 59 од собранискиот Деловник, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

За одземање на мандатот потребно е предлогот да го поддржат две третини од пратеници или 80 гласа „за“.

Пред шест месеци Собранието не успеа да изгласа одземање на мандатот на Груевски на предлог на истата комисија со образложение дека тој е недостоен да ја извршува пратеничката функција поради изречената двегодишна казна затвор за набавка на луксузниот мерцедесот за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Пратеникот и поранешен премиер Груевски лани, во месец ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант. Покрај правосилната пресуда од двегодишна затворска казна, тој е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остра осуда за нападот на новинарите на вчерашните протести за „Монструм“

Редакција

Од утре, секој кој што нема да биде во самоизолација ќе се носи во центри за карантин

Редакција

Новинарите наместо правда, за крвавиот четврток добија само прашање од судиите, „што сме барале на 27 април во Собранието“, вели Мрѓа

Редакција