До кога ќе расте бројот на советници на премиерот Зоран Заев и колку од нив му се вистински му се потребни, а колку се наоѓаат на платен список заради политички заслуги е прашање што заслужува внимание откако Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија вчера објави оглас за вработување на еден посебен советник за труд и социјална политика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија на определено време.
Паричниот износ на основната нето плата за ова работно место изнесува 50.000 денари.
Со тоа, бројот на советници на премиерот Зоран Заев, според официјалните податоци на Владата се зголемува на 40 лица.
Култура, странски инвестиции, земјоделество, млади и спорт… речиси и да нема сектор за кој премиерот нема советник, посебен советник или државен советник.
Со оглед на фактот дека во изминатиов период Владата не направи никакво поместување напред на овие полиња, прашање какви совети добива премиерот и заошто македонските граѓани преку буџетот плаќаат 40 лица за да го „советуваат“.
Интересно е што Кабинетот на премиерот распиша оглас за вработување советник во период кога главниот фокус на јавноста е во бегството на екс-премиерот Никола Груевски заради што се поставува прашањето дали во иднина се планира вработување и советник за бегства на поранешни виоски функционери каков што беше и Груевски.
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Листата на советници на премиерот Зоран Заев се зголемува на 40 лица
Владата вработува посебен советник за труд на премиерот Зоран Заев, плата од 50.000 денари