еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден сè уште е во бегство: Четворица обвинети за загрозување на сигурноста на 11 полицајци за пукањето во хотелот „Александар палас“

По спроведената постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против четири лица за кривично дело загрозување на сигурноста, соопштија денеска од Јавно обвинителство (ЈО).

Обвинетите, на 30.11.2019 година во хотелот „Александар палас“ во Скопје, заедно ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле легитимирање.

– Тие започнале вербална расправија со полицајците, упатувајќи им погрдни и заканувачки зборови кои содржеле сериозна директна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници и врз животот на нивните претпоставени.

Обвинетите се јавувале телефонски кај нивни блиски лица и ги повикувале да дојдат во хотелот и да се пресметаат со оштетените. По извршеното легитимирање, оштетените си заминале од хотелот, се појаснува во соопштението.

За тројца од обвинетите се уште се активни мерките за претпазливост определени од судијата на претходна постапка на предлог на јавниот обвинител: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените.

Еден од обвинетите, се подвлекува, сè уште не е достапен на државните органи, а Обвинителството ќе одлучи какви мерки за обезбедување на неговото присуство да предложи откако тој ќе стане достапен на органите на прогонот.

Во однос на другиот кривично-правен настан кој следел во хотелот неколку часа по кривичното дело за кое сега е поднесено обвинение, посочуваат од ЈО, се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега обвинетите лица.

– Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува сторителите и ќе приложи релевантни докази, Основното јавно обвинителство и во тој предмет ќе постапи согласно Законот за кривична постапка, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собрани 235 илјади евра од продажбата на пластични кеси, а за десет пати е намалена нивната употреба

Редакција

Кој е Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, кој најавува можно разделување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Редакција

(Фото) Заев и Ангеловска одмараат во Брајчино

Редакција