„КАМ маркет“ е најголема компанија од малопродажниот сектор и е втора година по ред 9-та по големина на листата на која се рангирани компании од сите сектори во земјава, во рамките на едицијата „200 најголеми и најуспешни“ за 2021 година, која 19. пат ја објавува „Еуро бизнис центар“ Скопје, информираат од компанијата.
На листата, пак, на најуспешни компании од сите сектори, КАМ се најде на 36. место.
Компаниите на листата се рангирани според официјални финансиски податоци за нивниот остварен вкупен приход и според остварената добивка пред оданочување, како и врз основа на податокот за бројот на вработени.
-Своето место на листите „КАМ“ го заслужи со вкупен приход од 11.533.433.029 денари и добивка пред оданочување од 322.129.868 денари.
„КАМ“ е дел од Клубот 200 уште од првото издание на оваа едиција и низ годините континуирано се искачува на скалата, што е само уште една потврда за континуираниот раст на компанијата, велат од таму.
Трета година во низа е дел од топ 10 компаниите, во друштво на „Џонсон Мети“, „Окта“, „Макпетрол“, „ЕВН хоум“, „ЕСМ“ и други, односно единствена компанија од сегментот малопродажба – трговија на мало – помеѓу првите десет.
– Задоволство е да се биде во друштво на најголемите и најуспешните компании во Македонија. Уште повеќе што „КАМ“ континуирано се искачува и на двете листи. Тоа е потврда дека нашите заложби да градиме современа и успешна компанија, која во својот фокус ги има, пред сè високиот квалитет и ниските цени и истовремено посветено да вложуваме во човечките ресурси, даваат резултати, велат од „КАМ“.