еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.

Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.

-Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош.

На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош. Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф, додека товарното возило е мерцедес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светската органзација на контролори на летање, запознаенa со случувањата во М-НАВ

Редакција

Маргарита Цаца Николовска избрана за претседател, работната група за уставните измени ја одржа првата седница

Редакција

Демократскиот сојуз ги објави предлог заклучоците за францускиот предлог

Редакција