еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Едно лице од тимот на обезбедувањето на Пендаровски заболено од корона вирусот

Во попладневните часови на 17 мај 2020 година (недела) извршено е тестирање за Ковид-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат, информираат од Кабинетот на претседателот.

„Членот на обезбедувањето на претседателот е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место на 11 мај 2020 година (понеделник).

По спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно да се тестираат дополнително 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно. Сите 11 лица беа тестирани и се негативни на Ковид-19, но и покрај тоа остануваат во самоизолација до 25 мај, до истекот на инкубација од 14 дена,“ се вели во соопштението.

По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација.

Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски.

„Кабинетот на претседателот продолжува непречено да функционира, согласно препораките за заштита од Ковид-19. Во изминатите два месеци вработените работат по различен распоред.

Поголемиот дел од активностите се одржуваат на отворено. На средбите и настаните се одржува препорачаното физичко дистанцирање, се користи заштитна опрема како маски и ракавици, средства за дезинфекција, а редовно се чистат и дезинфицират просториите во „Вила Водно“,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Пет лица од новозаразените со коронавирусот се со претходни заболувања

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за несреќата кај „Ласкарци“: Возачот не разговарал на мобилен, можно е да се завртел кон лево или погледнал надолу

Редакција

(Галерија) Струмички Concept се шири, отвори и ресторан

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција