еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата во декември за 142 евра повисока во споредба со ноември

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 406,99 евра/mwh, информираат од Energy Delivery Solutions.

„Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 480,13 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец декември до сега, (baseload till date) изнесува 364,53 евра за мегават час, што е за близу 142 евра повисоко од цената по кој што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

„Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови,“ додаваат од Energy Delivery Solutions.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Латас остана без пасош, со Лазаров добија и забрана за јавни настапи

Редакција

И Македонци помеѓу евакуираните на Евија: Претпазливост при патување во Грција заради пожарите, порачуваат од МНР

Редакција

И прилепскиот карневал „Прочка 2020“ се откажува поради корона вирусот

Редакција