еМагазин
Image default
Локално

Ексдиректорка на градинката „Мајски цвет“ во Карпош сама си го продолжила мандатот

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.Р.(65) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик, информира МВР.

Пријавената, во својство на директор на детска градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16.01.2014, со цел да си овозможи продолжувањето на извршувањето на функцијата директор, на 11.12.2013, самоволно и без основ, односно без одлука од Управниот одбор, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување на писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот.

На тој начин, продолжувајќи со извршување на функцијата, таа си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16.01.2014 до 07.08.2018. Во наведениот период таа се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Вруток пронајдено тело на жена со повеќе убодни рани од нож: Првичните траги упатуваат на насилна смрт

Редакција

Со нож го расекол по лицето

Редакција

Со настан во Кавадарци, продолжуваат отворените средби со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Редакција