еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во Вруток пронајдено тело на жена со повеќе убодни рани од нож: Првичните траги упатуваат на насилна смрт

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во семејна куќа во селото Вруток, каде вчера беше пронајдено безживотно тело на една жена со повеќе убодни рани од нож.

Како што информираат од Јавното обвинителство, станува збор за жена по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, која била мажена и живеела во Вруток.

Според првичните сознанија, смртта на жената настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одобри, па Груби се повлече: Објектите на „Стара медицина“ во Тетово каде што учат македонски паралелки, нема да бидат дадени на Катастар

Редакција

Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници

Редакција

Владиното парламентарно мнозинство ќе се зголемува, тврди Груби

Редакција