Поранешната пратеничка Ленче Николовска на својот Фејсбук профил се збогуваше од својот сопруг Тони Николовски, кој почина по компликации од вирусот Ковид-19.
„Мојата потпора во животот, мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас… Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина и умешност со која го создаде нашиот свет.
Почитувани пријатели, роднини, колеги… ви благодарам на сите што сте со мене во овие тешки денови“, напиша Николовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Тони Николовски, сопруг на експратеничката Ленче Николовска
Фото: Фејсбук/Николовска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.