еМагазин
Image default
Македонија

Експресна реакција на Џафери: Седницата на која ќе се расправа за имунитетот на Груевски ја закажа во 17 часот

Претседателот на Собранието Талат Џафери за попладне во 17 часот закажа пленарна седница на која пратенциите треба да се изјаснат за препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води СЈО.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Комисијата денеска со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.

– И Комисијата и Собранието денеска постапуваат во една многу контрадикторна ситуација. Пред нас е поставена задача ние да одлучуваме за имунитетот на пратеник кој веќе е осудено лице кое е во бегство и кое е недостапно за органите на прогонот. Поради тоа, лично како пратеник, но и како човек морам да изразам разочарување што нашиот систем не успеа да го обезбеди присуството на осуденото лице Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор.

Врз основа на тоа сакам да го потенцирам дека мора да се доврши и темелно да се спроведе истрагата за утврдување на одговорноста за тоа точно кој дел од системот потфрлил при обезбедувањето на присуството на Никола Груевски за издржување на неговата казна затвор. Исто така морамда посочам дека ова искуство мора да послужи за лекција за да ги идентификуваме многу брзо, да ги корегираме системските недостатоци кои доведоа до оваа ситуација и оваа контрадикторност – рече Богоевски.

Тој смета дека уште поконтрадикторно е тоа што Груевски се уште има мандат на пратеник. Богоевски кажа дека Груевски бил информиран за седницата и тоа по имејл и писмено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kомисијата препорача да му се одземе имунитетот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 175 заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје 131

Редакција

Во Македонија нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврдат од АХВ

Редакција

Убава вест: Оздравени 85 болни од Ковид-19

Редакција