еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Епископ Партениј со дел од раичкото сестринство во посета на архиепископ г.г. Стефан

Епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорски манастир, придружуван од дел на сестринството од манастирот „Свети Георгиј Победоносец” беа во посета на архиепископот г.г. Стефан.

– Со срдечна благодарност за архипастирскиот благослов и мудроста со кои беа овозможени историските сослуженија во Светата Земја, меѓу кои и во најголемата светиња на Сесветиот гроб Христов, нашиот старец, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со дел од сестринството на Раичкиот манастир Св. Георгиј Победоносец, го посети Неговото блаженство Архиепископот г. г. Стефан, информираше сестра Ефимија.

За време на средбата, истакна сестра Ефимија, нашиот Старец му подари еден скромен дар од светот град Ерусалим – архиерејска панагија со ликот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

– На голема радост на Старецот и на нашето монашко семејство, Неговото Блаженство ја искористи оваа благословена можност да го собере во својата резиденција, под закрилата на Св. Георгиј Победоносец, речиси целото женско монаштво од епархијата, правејќи од оваа средба една срдечна и радосна монашка дружба со прекрасни споделени впечатоци од поклонението на светите места и благодатните богослуженија, кои со блескави букви се запишаа во историјата на нашата света Црква, посочи сестра Ефимија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жените извршуваат 72,5 отсто од неплатената работа за грижа околу домот и децата, покажува истражувањето на Реактор

Редакција

За натамошен успех на „Гаранцијата за млади“ неопходна е поголема активација на невработените млади лица и теренска работа

Редакција

Променливо облачно со температура под просекот и во наредните денови

Редакција