еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Медал од Ердоган за македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај.

Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.

На церемонијата на доделувањето на медалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасијевски.

Ердоган, пред присутните во салата, се заблагодари и им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресите во Кахраманмараш и Хатај.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Дирекција за заштита и спасување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Редакција

Судот го одби барањето за издавање на времени пасоши на Камчев и Панделески

Редакција

„Го враќаат ДДВ-то кај народот“: Твитер за снимката како Боки 13 зема пари од Орце Камчев

Редакција