Наташа Апостоловска, ќерка на 69-годишен тетовец кој почина од коронавирусот, преку социјалните мрежи тврди дека не добиле лекарска грижа додека татко и бил на лечење во Заводот за рехабилитација во Козле и бара да се спроведе истрага за неговата смрт.
– Вчера вечер почина татко ми. Се надевам дека ќе спроведе истрага. Најжално е што поради тие лекари и јас и мајка ми се заразивме и сме позитивни, тие не преземаат ни морална обврска, а ние ниту на погреб не може да му одиме на татко ми.
Само за нас важат законите, прописите и упатствата, објави денес Апостоловска на профилот на Твитер, означувајќи ги и прашувајќи ги министерот Венко Филипче и Министерството за здравство.
Таа на 25 март алармираше дека од Заводот за рехабилитација во Козле, каде бил од 9 до 23 март, тако и бил отпуштен без да биде тестиран за коронавирусот. Поради симпоми бил хоспитализиран на 25 март во тетовско Инфективно одделение, каде му е утврден Ковид-19.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виролози: Отворете прозорци, пуштете го сонцето, вирусот нема крилја
(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар
(ВИДЕО) Водич за деца за коронавирусот