По информацијата за покаченото ниво на реката Вардар, во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), од страна на АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска, информираат од компанијата.
„Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св. Петка е надвор од употреба.
Не работи и хидроелектраната Матка, која е во сопственост на ЕВН.
Намалувањето на производството во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, и истото ќе се дополни преку останатите производни капацитети,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излевање на Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка
Фото: ЕСМ