еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

ЕУ ги повика сите страни во Косово да се вратат на дијалогот

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак остро го осуди синоќешниот „ужасен напад врз косовската полиција“.

– Насилството во која било форма е апсолутно неприфатливо. Моето срце е со жртвите, нивните семејства и колеги. Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Сите мора веднаш да се вратат на дијалогот, напиша Лајчак на Х.

-При извршување на полициски работи, во 02:34 часот во Северна Митровица, единицата за брза интервенција на граничната полиција забележала дека на влезот во село Бањска, на мостот се поставени два тешки камиони (без регистарски ознаки), а влезот на мостот бил блокиран, соопшти косовската полиција и додаде дека три единици се упатиле во правец на локацијата.

-Веднаш штом пристигнале на местото на блокадата, наишле на отпор, при што од некои позиции било пукано од различен арсенал на огнено оружје, вклучително и рачни бомби и пиштоли, при што биле застрелани двајца полицајци, се вели во соопштението.

Полициските единици, како што тврдат, реагирале во самоодбрана и успеале да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на погодените колеги.

-Повредените полицајци се извлечени од локацијата и пренесени во Регионалната болница во Јужна Митровица, каде лекарот констатирал смрт на едниот, додека другиот е повреден, се вели во соопштението.

Агенцијата Косова прес јави дека полицијата потврдила оти е убиен еден од напаѓачите на косовската полиција. Според агенцијата, ситуацијата останува тензична и често има размена на оган меѓу напаѓачите и косовската полиција. Исто така, затворени се и двата гранични пункта со Србија, Јариња и Берњак.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.

Истовремено, Борел најостро го осуди, како што рече, грозоморниот напад на вооружена банда врз припадници на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени.

-Уште повеќе невини животи се загрозени во непријателствата кои траат околу манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат, рече Борел.

Тој посочи дека ЕУЛЕКС како втора одговорна мисија за безбедноста на теренот е во близок контакт со властите и со КФОР.

-ЕУ и нејзините членки повторно ги повикуваат сите актери да работат на деескалација на ситуацијата на северот на Косово, рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти тврди дека напаѓачите се опколени, ги повика да се предадат

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија доби нова Влада, кој сѐ е во неа

Редакција

Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата

Редакција

Авиосообраќајот денеска ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Редакција