еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ЕУ продолжува да дозволува Бугарија да си игра мајтап и со неа и со Македонија и со регионот

„Сите“ од Европската Унија (ЕУ), освен Бугарија „као“ разочарани и потресени дека Македонија и Албанија повторно не добија зелено светло за старт на преговорите со Унијата.

Еми што да кажат граѓаните на овие две земји, кои по којзнае кој пат (престанавме веќе да броиме) се извесени од Унијата, која ни виси над главата и не критикува и за работи кои не ги почитуваат и спроведуваат ни дел од самите членки на ЕУ.

Нема да биде претерано да се каже дека Македонија и Албанија денеска се за неколку пати повеќе поподготвени за старт на преговорите, отколку Бугарија, најкорумпираната земја во ЕУ, која стана членка на Унијата во 2007 година.

Сите знаеме како Бугарија тогаш влезе во ЕУ и колку всушност го заслужи тоа. Но, на тоа нека му ја мислат во ЕУ. Таа е сега нивни проблем, не наш. И троши нивни пари. И со ненормалните барања, Бугарија го руши нивниот имиџ и основни вредности.

И да, не случајно европската главна обвинителка, романката Лаура Ковеси прво ја посети Софија и не случајно САД прво воведоа санкции во регионот токму против тројца Бугари и 64 компании поврзани со нив поради наводна корупција.

А во приказните на ЕУ, дека, еве сите тие (освен Бугарија) се за старт на преговорите со Македонија и Албанија, не веруваат одамна ни децата.

Погледнете го филмот „Возрасни во собата“, базиран на книгата на поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, па ќе видите како ЕУ ги решава работите кога навистина сака, а притоа не земајќи ги ни во предвид моделите за решавање на економската криза во Грција предложени од тогашната грчка Влада. Грција е членка на ЕУ веќе 40 години, но за цело време на преговорите за решавање на кризата, беше безгласна буква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европски дипломат за „Политико“: Смачено ни е од ставот на Бугарија кон Македонија

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не

ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, порача Рама

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина пресудата за „Tоплик“ и предметот го врати на повторно постапување

Редакција

А1 Македонија со повеќе претплатници на мобилна телефонија од Македонски телеком

Редакција

54 доктори и медицински сестри од целата земја дојдоа да помогнат во Клиниката за инфективни болести и „8 Септември“

Редакција