еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Според Еуростат во Македонија просечниот работен век на работниците е 32 години

Очекуваниот просечен работен век во Македонија изнесува 32 години, покажуваат податоците од анализите на Еуростат.

Индикаторот за должината на работниот век, според Еуростат, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.

Сличен работен век имаат нашите соседни земји. Во Грција тој изнесува 33 години, исто колку и во Бугарија. Исто толкав работен век имаат во Романија. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.

Во земјите членки на Европската унија, пак, просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија, до 42 во Шведска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештај на Европската комисија за Македонија: Издржан реформски напредок, потребни се дополнителни напори во областа на администрацијата

Редакција

Младите во Шведска стануваат независни на 18, а кај нас со над 30 години

Редакција

Започна тинк тенк форумот „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“

Редакција