еМагазин
Image default
Локално

ЕВН Македонија со осуда на инцидентот во Тетово, преземаат мерки за поголема заштита на вработените и имотот

ЕВН Македонија во врска со вчерашниот инцидент во Тетово изрази осуда на секаков вид на насилство и вандализам. Поради инцидентот најавуваат поголема заштита за вработените и имотот.

-Осудуваме секаков вид на насилсто и вандализам. И покрај тоа што сторителот е уапсен, ЕВН презема мерки за заштита на своите вработени и имот. Имаме разбирање за мирни протести, иако не знаеме зошто се усмерени против нас.

Воедно најостро го осудуваме секој вид на говор на омраза кој што може да доведе до насилство како што беше случај синоќа, се наведува во соопштението од Одделот за комуникации при ЕВН Македонија.

За двете возила на ЕВН Македонија кои беа запалени ноќеска, како осомничен полиција го приведе К.О. (43) од Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен тетовецот кој запали возила на ЕВН

(Фото) Запалени две возила на ЕВН во Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена физички нападнала мајка со дете во Скопје

Редакција

Кумановец ја претепал партнерката со која живеел во вонбрачна заедница

Редакција

Запленети над 1.100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро

Редакција