еМагазин
Бизнис

ЕВН регистрирала активно „копање“ биткоини во Скопје и скопско

ЕВН регистрирала активно “копање“ биткоини во реонот на с. Љуботен, општина Арачиново, населба Сингелиќ, улица Дижонска во Чаир, улица Јајце во Гази Баба, итн, објави порталот Пари.

“Имаме дојави дека “копачите“ на биткоини ги сместуваат компјутерите и во напуштени селски куќи каде сметаат дека потешко ќе бидат откриени и нема да ја нарушат стабилноста во снабдувањето во соседството.

И не би имало проблем доколку таквата потрошувачка е соодветна на мерното место каде мрежата што е дизајнирана за потребите на тоа корисничко место може да го поднесе зголемениот товар, и ако корисникот уредно ја плаќа потрошената електрична енергија.

Но, најчесто, мрежата не е дизајнира за новосоздадената потрошувачка на струја при “копање“ биткоини, а поединци се приклучуваат на диво за да ги избегнат големите трошоци за нивниот нов бизнис, вели за Пари, Ленче Карпузовска, менаџер на Одделот за комуникации на ЕВН Македонија.

Фото: Photo by André François McKenzie on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција

Редакција

(Видео) Тајмс ја стави Попова Шапка меѓу десетте восхитувачки туристички дестинации во светот

Редакција

Исплатата на пензиите од 30 јануари

Редакција