еМагазин
Image default
Бизнис

Европа со пад на добивката од 68,5% во првиот квартал

Во првите три месеци од годинава Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 208.470.846 денари и истите се зголемени за 1,5% во однос на бруто приходите од 2022 година за истиот период, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Вкупните оперативни приходи од 01.01 до 31.03.2023 година се зголемени за 4,1 % во однос на истите во 2022 година. Останатите приходи се зголемени за 9,8%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 321,7% во однос на 2022 година.

Вкупните расходите се зголемени за 9,9% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот од 01.01 до 31.03.2023 година се зголемени за 9,8%, а финансиските расходи се зголемени за 60,1% во однос на 2022 година.

Европа АД Скопје за периодот од 01.01 до 31.03.2023 година оствари добивка во износ од 6.242.633 денари и е помала во однос на претходната година за 68,5%.

Намалувањето на добивката за првиот квартал од 2023 година се должи на енормното зголемување на цените на енергенсите, суровините и амбалажата, како главни производни инпути и потешкотиите за нивно следење, со цел да се постигне конкуретна цена на нашите производи на пазарот.

Тие имаа директно влијание на количинскиот пад на продажбата за 13,6% заради намалените нарачки од нашите купувачи, а тоа пак негативно се одрази и на падот на производството за 12,6%.

Растот на инфлацијата наметна потреба од зголемување и на бруто платите за вработените за 15%, кои исто така имаат влијание на порастот на вкупните оперативни расходи. Новите законски измени за минималната плата, со примена од 01.03.2023 година, исто така дополнително го зголемија трошокот за бруто плата, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љушев и Пројкоски не се назначени од Владата, велат од Македонски Телеком за аферата „Паразити“

Редакција

Златко Перински нов в.д директор на ЈП „Водовод и канализација“

Редакција

Самит на Македонија 2025: Просперитетни економии преку општествена трансформација, диготализација и стратешко лидерство

Редакција