Eвропејците на туристички патувања годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда.
Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија, покажуваат податоците на „Еуростат“. Луксембуржаните трошат во просек по 768 евра за туристички патувања, жителите на Малта по 646 евра и Австријците по 607 евра.
Најмалку пари за одмор од семејниот буџет одвојуваат Литванците, само 107 евра, потоа Романците 125 евра и граѓаните на Чешка 129 евра.
Македонците не отстапуваат многу во однос на државите од регионот. Според последните објавени податоци на Државниот завод за статистика, Македонците трошат дневно по 20 евра за годишен одмор кој во просек трае 11 дена. Интересен е податокот дека 75 проценти од Македонците не биле на одмор, а од оние 25 проценти кои одат на одмор, 60 проценти патуваат во странство.
Повеќе од Македонците за туристички патувања трошат Грците (316 евра) и Хрватите (224 евра), а помалку Словенците (213 евра) и Бугарите (157 евра).
МИА