еМагазин
Image default
Македонија

Европската Комисија за неколку дена ќе почне да користи новото име „Северна Македонија“

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции.

Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“.

Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

И во Советот и во Комисијата се работи на утврдување на процедурите, информираат од овие институции.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се менуваат ли и капаците на шахтите со ѕвездата од Вергина (Кутлеш), согласно Договорот од Преспа

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева очекува за дваесетина дена Груевски да биде во затвор

Редакција

Македонски државјанин уапсен на косовско-албанската граница поради обид да подмити полицаец со 5 евра

Редакција

Детален преглед: Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион

Редакција