еМагазин
Свет

Европската унија собира докази против Иран за продажба на дронови на Русија

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ собира докази дека Иран наводно и продава беспилотни летала на Русија и ќе одговори доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити.

– Многу внимателно ја следиме оваа употреба на беспилотни летала. Собираме докази и ќе бидеме подготвени да реагираме со сите средства што ни стојат на располагање, рече Борел.

Тој ја даде изјавата по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, со кој претседаваше. На состанокот беше одлучено ЕУ да воведе санкции за ирански официјални лица кои се сметаат за одговорни за насилничко однесување кон учесниците во антивладините демонстрации во Иран.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преговорите Русија-Украина продолжуваат онлајн

Редакција

Бројот на загинати во земјотресот во Хаити се искачи на најмалку 2.189 лица

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Редакција