еМагазин
Image default
Бизнис

Факом со зголемена добивка во првите шест месеци

Во периодот од 01.01- 30.06.2022 година Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 175.345 денари, наспроти добивката од 119.329 денари за истиот период во 2021 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 83% имаат приходите од продажба на странски пазар кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 79%.

Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01 – 30.06.2022 се зголемени за 43% во однос на 2021 година, финансиските приходи исто така се зголемени по основ на зголемените приходи од позитивни курсни разлики од работењето. Вкупните приходи за 01.01 – 30.06.2022 година се зголемени за 43% во однос на истиот период за 2021 година.

Во периодот од 01.01 – 30.06.2022 година, оперативните расходи се зголемени за 44% во однос на истиот период 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали, останатите расходи од работењето“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смени во Управниот одбор на Факом

Факом во првите три месеци со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави биле примањата на Слободан Кутревски и на менаџментот на Пекабеско лани

Редакција

Прилепски Тутунски комбинат во првите три месеци од годинава работел со загуба

Редакција

Промени во Одборот на директори на „Гранит“

Редакција