Со стапување на сила на новиот Закон за Јавно обвинителство ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува, порача денеска обвинителката Фатиме Фетаи по денешното рочиште за „Монструм”.
– Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, истакна Фетаи.
Специјалното јавно обвинитество од денеска и официјално згаснува, односно со стапување на сила на новиот Закон за Јавното обвинителство.
МИА/Фото: а1он
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЈО и официјално е историја, Јовески уверува дека предметите ќе добијат завршница
Ленче Ристоска со емотивна порака за последниот работен ден на вработените во СЈО