еМагазин
Image default
Македонија

Фетаи и судии вршеа увид на возилото кое е дел од доказниот материјал за „Монструм“

Во депото на Агенцијата за управување со одземен имот во близина на скопското село Миладиновци, судиите од Кривичен суд Огнен Ставрев и Осман Шабани и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, вршат увид на автомобилот „опел омега“, кое е дел доказниот материјал за „Монструм“.

Во моментов се проверува дали има калници на возилото, дали недостасува некоја лајсна, а се утврдува и бројот на шасијата.

На вештачењето се присутни и обвинети во случајот „Монструм“, како и адвокатката на семејствата на жртвите дафинка Ивановска.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани рече дека од МВР возилото во депото е донесено на 1 ноември 2012. Возилото било примено без регистарски таблички, а има налепница на задниот браник.

На претходните рочишта за „Монструм“ беше сослушан загрозен сведок, кој исказот го даде од друга просторија со мутиран глас и заматена слика.

Во своето сведочење, тој кажа дека на местото на настанот бил на 9-ти, 10-ти, 11-ти и 12-ти април, каде го видел „Голфот 3“ со затемнети стакла на повеќе различни локации, како и други две возила. Прашан дали вечерта бил на местото на настанот, сведокот кажа да, и потврди дека видел четири тела. Тој во судницата препозна неколкумина од обвинетите и ги опиша.

Одбраната изрази сомнеж во вистинитоста на неговите искази, бидејќи како што реагираа загрозениот сведок е конфузен во одговорите. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА/Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чулев: Ќе се преземат мерки за евентуално пречекорување на полициски овластувања во Струга

Редакција

„Оваа е непријателски чин“: Русија најави контрамерки за протерувањето на дипломатот од Македонија

Редакција

По барање на СЈО, замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција