еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фетиш или дијагноза: Што човек се радува на пукање по свадби?

Голем број реакции на социјалните мрежи предизвика снимката објавена на Фејсбук профилот на претседателот на Одборот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени на која може да се види дека на свадбена веселба тој игра со пиштол во појасот.

Иако набргу по објавата на снимката во медиумите тој соопшти дека станува збор за гасен пиштол за сигнализирање за кој поседува уредна дозвола, тоа не ја намалува неговата одговорност за овој случај, бидејќи како функционер во државна компанија дава лош пример за граѓаните.

Уште почудно е што Исени не го избриша постираното видео по реакциите во јавноста. Поради тоа, се чини дека тој воопшто не е свесен дека носењето пиштол во појас и пукањето на свадба е практика која мора да се искорени, а не да се поттикнува.

Станува збор за лош обичај на овие простори кој продолжува да живее и покрај тоа што досега безброј пати имало повредени лица и оштетен имот од вакви свадбени пукотници.

На тоа вчера предупреди и Секторот за внатрешни работи Тетово од каде апелираа до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби.

МВР потсети дека пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и оти глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Оттаму укажаа дека во зависност од последиците, пукањето може да се смета и како кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена затворска казна од една до пет години, се потенцира во апелот.

Сега останува отворено прашањето дали МВР врз база на објавените снимки ќе го испита случајот со Исени или целата работа ќе се забошоти.

Posted by Elmedin Ismaili on Четврток, 04 јули 2019

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Тетово апелира да не се користи оружје на свадбите

Фото/Видеo:Howstuffworks/Фејсбук/Елмедин Исмаили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трета доза на вакцина ќе може да примаат и граѓаните вакцинирани во странство

Редакција

Нови 561 случаи на Ковид-19 од 4.384 тестирања

Редакција

(Фото) Кај пензионер од Крушево најдени над 60 пушки и 60 пиштоли

Редакција