еМагазин
Image default
Македонија

Фијат Цаноски сведочеше за уривањето на „Космос“: „Ме малтретиравте со рушењето, сега со судењето“

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен од страната на одбраната.

Обвинетиот Тони Трајковски, како поранешен градоначалник на Општина Гази Баба, во неколку наврати побара од сведокот да даде одговори во однос на изградбата на комплексот „Космос“, на што сведокот одговори дека се што потпишал било по налог на стручните служби и дека не се сеќава за други работи.

„Јас сум инвеститор на градби, не градежник. Многу одлуки сум потпишал, не се сеќавам конкретно за некоја одлука. Ако е мојот потпис во документите, тоа значи дека јас сум потпишан. Ме малтертиравте со рушењето, сега со судењето“, рече сведокот Цаноски.

Поголемиот број на прашања поставени од обвинетиот Трајковски, беа проследени со приговори од страна на обвинителот Бурим Рустеми, односно истите беа уважени од судечкиот совет.

При ова ситуација обвинетиот Трајковски, искоментира дека кога сведокот бил во негова канцеларија бил добро информиран и имал знаење за градежни работи.

Случајот ,,ТНТ” по повторување на судењето уште е во фаза на доказна постапка. Обвинети во овој предмет се Никола Груевски (кој е во бегство), Миле Јанакиески, Тони Трајковски, Елизабета Најдовска, Насе Ралев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Судењето го води судијата Огнен Ставрев. 

Според обвинението поднесено од поранешното Специјално јавно обвинителство, осомничените лица во 2011 година од политичка причини, го рушиле комплексот „Космос”, сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски. 

МИА/Фото: Фејсбук/Цаноски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ТНТ“ по две години започна од почеток: Ќе има ли епилог за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имотот на Јанакиески, Мисајловски и Божиновски под лупа на Антикорупциска

Редакција

(Фото) Груевски се шета низ Будимпешта?

Редакција

(Фото) Македонија отвори почесен конзулат во Едрене, за конзул именуван Есер Џевахир

Редакција