еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче ќе патува во Атина за со грчкиот колега да го кооридинираат отворањето на границите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе замине на состанок во Атина, каде што најпрво со грчкиот колега ќе се дефинира протоколот за патување, а потоа и со другите држави во регионот.

– На средбата ќе размениме искуства за досегашното менаџирање на кризата, кои треба да помогнат во понатамошната битка со вирусот. Подготовките на здравствениот систем за следниот период кога се очекуваат нови пикови, и најбитно од се, за координација во однос на отворање на границите и аеродромите, изјави Филипче.

Имајќи предвид дека одредени држави најавија отворање на границите под посебни услови, Филипче, рече дека по тоа прашање постојат различни ставови и национални политики, кои е потребно да се координираат.

– Од една страна некои земји бараат тестирање пред патување, други најавија дека нема да бараат. Ние за таа цел посебно, имајќи предвид дека може да бидеме многу оптеретени со патници кои транзитираат, но и наши граѓани кои сакаат да патуваат, вклучително и странци, во таа смисла ќе размислуваме и за алтернатива за карантините, доколку се одлучи на таква работа, изјави Филипче.

Тој оцени дека тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот како што беше, а целта на состанокот во Атина е да се утврдат правилата за сувоземниот сообраќај. Тестирањето, како што го бараат одредени држави, вели дека не е гаранција, бидејќи не јасно какви тестови, чии резултати се бараат и сл.

Европската комисија, вчера излезе со пакет мерки за патување во ЕУ и согласно препораките за координирано делување на регионите, следува и овој балкански состанок.

Во оваа насока е и одлуката на Владата вчера да се дозволи посета на функционери на соседните земји, се со цел присуство на овие регионални состаноци кои ќе следуваат следниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, на летување со тест за Ковид-19, на забар ќе ни мерат температура

Двесетина лица се заразиле со коронавирусот на семејниот настан во Скопје

Ви треба ПЦР тест и потврда од српската владина комисија: Од 1 јуни Србија ја отвара границата со Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Процена за ширење на Ковид-19: Македонија останува во 4 фаза подниво 3

Редакција

ЛГБТИ активистот Беким Асани за нападот на Матка: “Цело време викаа ќе те убиеме, мртов си, а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме„

Редакција

Кои ќе бидат другите кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција