еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Позитивни резултати и во време на пандемија: Македонски Телеком ги зголеми приходите за 4%

Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година бележи позитивни резултати и покрај работењето во услови на вонредна состојба и пандемија, информираат од компанијата.

“И понатаму продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизијата.

Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 4 отсто и изнесуваат 2.619 милиони денари.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година“, велат од компанијата.

Пораст на корисничката база

Бројот на корисници во сите сегменти од првите три месеци на 2020 година бележи пораст, велат од компанијата.

“Со раст од 0,6 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници.

Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4 отсто, што се должи на континуираната работа на терен и покрај пандемијата, при што вкупниот број изнесува 205 илјади.

Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи екслузивни содржини и уникатно ТВ искуство.

Со растот на бројот на корисници за 5,5 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите три месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од над 137 илјади претплатници“, велат од компанијата.

Квалитетната мрежа е клучна за виталните функции во општеството

Македонски Телеком и во услови на пандемија континуирано и со несмалено темпо инвестира во капацитетите на мрежата со цел непречено функционирање и квалитетни комуникациски услуги во услови на огромна побарувачка за интернет, велат од компанијата.

„Од почетокот на кризата ги насочивме сите ресурси, човечки и финансиски, во зајакнување на мрежните капацитети за да одговориме адекватно на новонастанатата ситуација.

Имаме голема одговорност, затоа што сè мора да функционира перфектно во време кога сите работат, учат и се информираат онлајн. Вложувањето во инфраструктурата ќе остане наш приоритет, бидејќи мрежата е крвотокот и предуслов за дигитализација на општеството“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Трајче Пеливанов, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Виктор Стојчевски купи акции од „Алкалоид“

Редакција

За 24 часа регистрирани 107 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 83

Редакција