еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче ќе предложи 24 часа карантин за Велигденските празници

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека заострените мерки и воведувањето на полициски час, веќе даваат резулати, но останува предвидувањето дека пикот ќе биде крајот на април.

Имајќи предвид дека Велигден се паѓа во ек на пик, односно на 19 април, тој кажа дека за време на Велигденските празници ќе се препорача полициски час од 24 часа.

„Знам дека е сега убаво времето и сите сме навикнати да сме надвор, но сакам да упатам порака дека нема да може така лесно да се врати целиот процес и животот со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на другите земји, секогаш постои ризика за втор пик.

Во таа насока, во периодот што следи, следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, на кои од наша страна ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети, рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала,“ рече тој.

Државава е во фаза во која воведените мерки се најстроги, но Филиче рече дека истовремено се подготвуваат и за периодот за целосно враќање во нормала тогаш кога ќе бидат исполнети условите за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка и бебе од Кочани заболени од корона вирусот се лекуваат на Инфективна клиника

Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот

Во дом за стари лица во Битола заболено едно лице од корона вирусот

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера низ Македонија изгаснати 18 пожари

Редакција

„Аполо инженеринг“ и „КИ-ЕМ“ го добија тендерот на Град Скопје за зимско одржување на улиците вреден 1,3 милиони евра

Редакција

(Фото) Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: 18. издание на Виз Ер Скопски маратон со нови рекорди и уникатни транспаренти

Редакција