еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Не е точно дека над 400 лекари се иселиле од земјава

Министерот за здравство Венко Филипче демантираше дека над 400 млади лекари ја напуштиле земјава, откако Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти излезе со тоа тврдење пред неколку дена.

– Откако излезе таа информација во јавност ние ги проверивме податоците и бројките. Не знам дали станува збор за лажна информација или некој сакал да ја спинува информацијата, но во Лекарската комора издадени се само околу 160 потврди за заминување во странство, а тоа им треба на сите млади или лекари со искуство кои треба да одат да работат макар и привремено, заради тоа што без таа потврда не можат да ги нострифицираат документите во било која држава, рече Филипче.

Вели дека тоа е за 20 потврди помалку од минатата година.

Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти изминатава недела излезе со тврдење дека од земјава се иселиле над 400 лекари. Тие формирале и Регистар на лекари кои се надвор од земјава за да ја следат состојбата со нивното иселување.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков ќе го испрашува Костовски: Нови рочишта за „Таргет-Тврдина” и „Топлик“ на СЈО

Редакција

МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера

Редакција

Има можност за проверка на финансиските текови за продажбата на “Соравиа“, смета Спасовски

Редакција