еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба.

Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж.

По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.

„По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител.

Во ек на пандемија од Ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Ефективноста на вакцините против смртен исход од Ковид-19 е поднамалена, но добро се држи на околу 85%

Редакција

Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето, навремено примање лекови и вакцини

Редакција

(Видео+галерија) Како се обележа Водици во Охрид: Езерото брануваше, а температурата на водата беше 9 Степени

Редакција